Search

Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

Владата вчера донесе Решение за формирање Kомисија за спроведување постапка за доделување Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на земјава.

Како што информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија.

– Комисијата е составена од 14 члена, и во неа има претставници од Министерството за економија, советници од Кабинетот на претседателот на Владата, претставници од Кабинетот на вицепремерот Анѓушев, претставници од Министерство за животна средина, од Министерство за транспорт и врски, членови од Регулаторната комисија за енергетика, членови од национални енергетски ресурси. Сите институции кои се засегната страна во работата на оваа комисија, се дел од оваа работна комисија, рече Бошњаковски.

Треба да знаете
Последни објави