Search

ФОН Универзитетот започнува ново поглавје: избран нов Одбор за доверба со 7 нобеловци, бивши лидери на држави и еминентни професори и научници, министри за образование и експерти

ФОН Универзитетот, по повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари, објавува дека е одбран нов Универзитетски одбор за доверба (Board of Trustees), кој вклучува етаблирани имиња од светски рамки, како: поранешниот премиер на Италија, Романо Проди, поранешната премиерка на Данска, Хеле Торнинг Шмит, Проф. д-р Федерико Мајор Сарагоса, поранешен директор на УНЕСКО и легендарниот фудбалер и тренер, Винченте дел Боск Гонзалез.

Новоизбраниот одбор се состои од 31 член, чија цел е развој и афирмација на ФОН Универзитетот во нашата држава и во странство, зајакнување на квалитетот на високото образование и промовирање на науката. ФОН е уверен дека бенефит ќе има и целата држава и целата академска заедница од достапноста на овие реномирани професори, нобеловци, научници, бивши лидери на земји, политичари и експерти.

Основањето на Одборот за доверба е значаен чекор во филозофијата на Универзитетот: постојано усовршување и развивање – со една единствена цел – да донесе поквалитетно образование за своите студенти. ФОН Универзитетот постои единствено за своите студенти и тие ќе бидат крајниот добитник во ова ново поглавје во историјата на првиот приватен универзитет.

Одборот за доверба е советодавно тело на Универзитетот, кое ќе се бави со прашања поврзани со:

  • развој и афирмација на ФОН Универзитетот во Македонија и во странство;
  • одржување на квалитетот на високото образование и промовирање на научните и наставните практики на Универзитетот;
  • усогласување на наставните практики на Универзитетот со Европски и меѓународни стандарди, преку мерки, решенија и препораки за нивно надградување;
  • развој на научно-истражувачките активности и придржување кон Европските и меѓународните трендови со мерки, решенија и препораки;
  • предлози, мислења и иницијативи во врска со тековни програми и проекти за меѓународна соработка;
  • формирање на нови факултети на Универзитетот и
  • подобрување на издаваштвото како дејност во рамките на Универзитетот;

Дел од Одборот за првпат допатува оваа недела во Македонија, за да се обрати пред нашата домашна јавноста на Симпозиум организиран по повод Меѓународниот ден на образованието во ФОН Универзитетот. Остатокот од Одборот ќе го посетува Универзитетот во текот на целиот семестар.

ФОН Универзитетот, мотивиран од своите студенти и добробитот на нашата држава, продолжува силно да чекори напред во времето на глобализацијата и да ја промовира нашата култура и нашите вредности во светот.

Сакаме да ги задржиме младите дома и да дадеме причина да сакаат да останат. Заедно создаваме иднина која ќе има глобален оддек!

Целосна листа со членови на новиот Универзитетски одбор за доверба:

  1. Проф. д-р Федерико Мајор Сарагоса, поранешен директор на УНЕСКО, поранешен претседавач на Европскиот совет за истражување и Претседател на Фондација за култура и мир
  2. Н.Е. Абдула Јеро Балде, министер за високо образование и научни истражувања на Република Гвинеја
  3. Н.Е. Хосе Консарнау Гвардиола, Амбасадор на Шпанија во Република Гвинеја
  4. Г-ѓа Најад Валауд – Белкацем, прва жена министер за образование, високо образование и истражување во Франција
  5. Проф. д-р Роберт Мундел, добитник на Нобелова награда, универзитетски професор емеритус, од Универзитетот Колумбија
  6. Видед Боуцхамоуи, добитник на Нобелова награда, почесен претседавач на ИЦЦ Тунис и претседател на Туниска конфедерација за индустрија, размена и рачна изработка (УТИКА)
  7. Проф. д-р Едвард Нел, професор емеритус на Њу Скул, Њујорк и професор емеритус на Фондацијата Џон Брадемас
  8. Проф. д-р Вили Семлер, Хенри Амхолд професор за меѓународна соработка и развој, Њу Скул, Њујорк
  9. Проф. д-р Карим Еруаки, Амбасадор на OLA-DSCC во Афричката унија и професор емеритус на Универзитетот ФОН
  10. Д-р Хенри Абдо, основач и претседавач на Титаниум Капитал PTE LTD и претседател на Фондацијата Џон Брадемас
  11. Винченте дел Боск Гонзалез, почесен претседател на Фондацијата Тема Елорза
  12. Проф. д-р Вернер Арбер, добитник на Нобелова награда за медицина, почесен претседател на Понтификациската академија на науки во Ватикан
  13. Хуснириза Кукули, Претседател на Фондацијата Дитуриа и Претседател на Дитуриа а.с. – Словачка
  14. Проф. Чарлс Гудхарт, Професор Емеритус на Лондонска Школа за економија, поранешен советник на банката на Англија
  15. Адолфо Перез Есквивел, добитник на Нобелова награда за мир и професор емеритус за архитектура на Националниот универзитет Ла Плата, Буенос Аирес
  16. Регоберта Мену, добитник на Нобелова награда за мир –  Амбасадор на УНЕСКО во 1992
  17. Хозе Рамос Хорта, добитник на Нобелова награда и поранешен претседател на Источен Тимор и специјален претставник на ОН во Гвинеја – Бисау
  18.  Пол Сарбанес, Поранешен сенатор, член на одборот на доверители на фондацијата Џон Брадемас
  19.  Проф. д-р Романо Проди, поранешен премиер на Италија и поранешен претседател на Европската комисија
  20. Г-ѓа Хеле Торнинг Шмит, поранешен премиер на Данска и поранешен извршен директор на невладината организација “Save the Children“
  21. Паскал Лами, поранешен комесар на ЕУ за трговија и на генералниот директорат при Светската трговска организација
  22. Д-р Џорџ Метјус, почесен претседател на Универзитетот Northeastern University, во Бостон и ко-основач на Светската алијанса на лидери – клубот во Мадрид и почесен претседател на фондацијата Џон Брадемас
  23. Џозеф Нај – истакнат универзитетски професор, професор емеритус и поранешен декан на Харвардската школа Кенеди
  24. Г-ѓа Уидед Бушамауи – добитник на Нобелова награда за мир 2015
  25. Оскар Ариас, добитник на Нобелова награда за мир и поранешен претседател на Костарика
  26. Д-р Газанфер Гур, поранешен Декан на одделот за стоматологија на Кралскиот Универзитет во Саудиска Арабија
  27. Д-р Рејмонд Акики, Титаниум Капитал
  28. Махмуд  З. Малхас, претседател на Махмудиа Груп
  29. Д-р Николе Масхер, раководител на правен сектор Титаниум Капитал Груп
  30. Проф. д-р. Мануел Моралес Лама, Ректор на ИНЕСДУЦ, Амбасадор на Домениканска Република
  31. Проф. д-р. Манмохан Синг, поранешен Премиер на Индија
Треба да знаете
Последни објави