Search

Фон дер Лајен: Постигнат напредок во договорот со Велика Британија, но има уште работа

Во последните неколку дена има напредок во преговорите за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, но и натаму останува уште многу да се направи, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

-По тешките недели со многу бавен напредок, во последните денови е постигнат поголем напредок во важните области. Тоа е добро, рече Фон дер Лајен на прес-конференција.

Меѓутоа, додаде таа, треба уште многу да се работи, особено во трите најтешки области – еднакви услови во пазарниот натпревар, пристап на европските рибари до британските води и начинот на решавање на споровите во идниот договор.

Претседателката на ЕК додаде дека во областа на еднаквите услови во пазарниот натпревар е постигнат напредок во однос на државната помош.

-Меѓутоа, до крајната линија останати се уште неколку метри, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави