Search

Фон дер Лајен: Обединување и зајакнување на Европа е мојата цел

Кандидатката за претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,  денеска се заложи за посилна улога на ЕУ во борбата против климатските промени, за постигнување на социјална правда и еднаквост, владеење на правото и поефикасна надворешна политика на ЕУ, нагласувајќи дека нејзината цел е обединување и зајакнување на Европа.

Претставувајќи ја својата програма пред пратениците на Европскиот парламент во Стразбур, кој вечерва ќе гласа за нејзината кандидатура, Фонд дер Лајен го стави прашањето за климатските промени во преден план и објави дека сака да работи на „климатски неутрална Европа до 2050 година”.

Треба да знаете
Последни објави