Search

Фон дер Лајен: Лондон да бара амбициозен трговски договор

Претседателката на Европскјата комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Брисел би можел да прифати чиста разделба со Велика Британија, но го повика Лондон да побара амбициозен договор за слободна трговија.

Во своето обраќање пред Европскиот парламент, Урсула фон дер Лејен истакна дека Владата на британскиот премиер Борис Џонсон соопштила дека би соработувала со ЕУ за основните услови на Светската трговска организација.

Сепак, таа предупреди дека сите трговски договори доаѓаат со правила и Европа ќе се обиде да ги заштити своите стандарди. – Ние сè уште ги имаме нашите стандарди што мора да бидат исполнети.

Фон дер Лајон ја поздрави изразената амбиција на Џонсон да ја направи Велика Британија „светски шампион на слободна трговија”. Сепак таа предупреди – Малку се изненадив кога го слушнав премиерот на Велика Британија како зборува за австралискиот модел. Но, Европската унија нема трговски договор со Австралија. Во моментов тргуваме под условите на СТО. И, ако ова е британскиот избор, добро, ние го прифаќаме тоа без какви било прашања, продолжи таа. – Но, ние, всушност, сме во момент кога се договоривме со Австралија дека треба да ставиме крај на оваа ситуација и да работиме на трговски договор со нив.

– Се разбира, Велика Британија може да одлучи да бара помалку, но јас лично верувам дека мора да бидеме многу поамбициозни, истакна шефицата на Европската комисија.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари по 47 години членство.

Треба да знаете
Последни објави