Search

Фон дер Лаен: ЕУ извезе милијарда дози на вакцина против коронавирус

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, рече дека ЕУ извезла повеќе од милијарда дози вакцини против Ковид-19 низ целиот свет.

Таа изјави дека вакцините биле доставени во повеќе од 150 земји, што ја прави ЕУ најголем извозник на вакцини во светот.

Фон дер Лаен изјави дека приоритет на ЕУ е да го зголеми бројот на вакцини против коронавирус и дека минатиот месец се обврза да достави уште 200 милиони дози од вакцината во Африка и во други земји со ниски приходи.

Додека богатите земји размислуваат да дадат трета доза од вакцината, повеќето од посиромашните земји во светот се уште чекаат целосна вакцинација, пренесуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави