Search

Фонсека фаворит за клупата на Њукасл

Откако Стви Брус и официјално си замина од клупата на тимот на Њукасл, новот сопственик е во итна потрага по негова замена. Се бара нов менаџер, кој ќе биде гламурозен како и целиот проект кој се подготвува но во моментов сите такви тренери се зафатени.

Па така, трансфер гутуро, Фабрицио Романо тврди дека најсериозен кандидат за нов менаџер на Њукасл е Пауло Фонсека. Тој последно беше тренер на тимот на Рома, пред да биде заменет со Жозе Мурињо. Дури и обложувалниците во Англија му дааат најголеми шанси нему, а веднаш по него и Лусиан Фавр.

Треба да знаете
Последни објави