Search

Фолксваген не планира натамошно одлагање на испораките

Фолксваген има намера во август да почне со испорака на електричните автомобили ИД 3, и не планира да го намали бројот на работни места доколку се продолжи со производството во фабриките само надвор од Кина, поради корона-пандемијата, објави „Фајненшл тајмс”.

Најголемиот светски автопроизводител се соочува со фиксни трошоци над две милијарди евра неделно. Но, во овој миг нивните погони во Европа не работат, па поради тоа, може да се соочат со проблеми ако не продадат доволно електровозила годинава.

– Се бориме да ги испочитуваме датумите, изјави Франк Витер, главен финансиски директор на компанијата, признавајќи дека Фолксваген веќе има проблеми поради затворањето на погонот во градот Цвикау.

– Не сметаме дека затворањето до јуни е опција. Сепак, законската рамка и подготвеноста на купувачите повторно да размислуваат за купување автомобили, ќе биде клучен фактор, истакна Витер.

Се проценува дека глобалната автомобилска индустрија оваа 2020 година ќе претрпи поголем пад отколку за време на финансиската криза, со околу 10 милиони помалку продадени возила.

Треба да знаете
Последни објави