Search

Фоланд ги повреди лигаментите и ја заврши сезоната

– Кевин Фоланд ја заврши сезоната поради повреда на лигаманти, објави Баер Леверкузен. Фудбалерот на „фармацевтите” се повреди во четвртокот во мечот со Порто во Лига Европа, а денешната магнетна резонанца покажа дека операција е неопходна.

Веста претставува голем шок за тренерот Петер Бош кој во финишот на сезоната опстанува без првиот стрелец во тимот кој ќе мора да паузира најмалку три месеци.

Фоланд оваа сезона постигна 11 гола за екипата од Леверкузен во сите натпреварувања, од кои најголем дел (9) во натпревари во Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави