Search

Фокс Њуз нападнат поради емисија за фризури во екот на пандемијата

Водителка на Фокс Њуз предивика бес во јавноста откако изрази „загриженост за тоа како жените ќе ги одржуваат своите фризури и нокти” со штотуку воведените мерки за изолација поради пандемијата на новиот коронавирус..

Ејнсли Ерхарт јасно порача дека има намера да разговара за тривијалности наместо за прашањата за живот или смрт, но тоа не ја спречи осудата кон неа на социјалните мрежи.

– Тоа не е приоритет, но жените мора да имаат фризура, им рече Ерхарт на гледачите на емисијата „Фокс и пријателите”. – Некој напиша дека дури сега ќе ја видиме вистинската боја на својата коса кога ќе порасне коренот… Сите мои пријатели ми велат – знаеш, тоа не е приоритет оти луѓето умираат. Јас сум свесна за тоа, но – немаат ниту каде да ги маникираат ноктите, додава таа.

Корисници на Твитер веднаш почнаа да го поврзуваат тоа со дневната политика – Фокс важи за телевизија блиска до американскиот претседател Доналд Трамп и Републиканската партија. Некои отидоа и дотаму, дека се работи за проблемот на „белите богаташки”.

Некои пак, ја бранеа 43-годишната мајка на едно дете, која доби козметички третман во емисијата.

Треба да знаете
Последни објави