Search

Фого: НАТО нема намера да ги намали силите на КФОР во Косово

Во командата на КФОР во Приштина денеска се одржа церемонија на која поранешниот командант Лоренцо Д`Адарио ја предаде должноста на неговиот наследник Микеле Риси.

На церемонијата присуствуваше и адмиралот на здружените сили на НАТО во Неапол, американскиот генерал Џејмс Фого, кој ги повика победничките партии што поскоро да формираат нова влада, која, како што рече, ќе го поведе Косово кон стабилизација и просперитет.

– Сега имате можност да формирате нова влада. Изборите поминаа и слушнавме многу добри работи. Им порачувам на граѓаните на Косово и на новоизбраните лидери да ја водат земјата кон стабилност и просперитет, рече Фого.

Тој исто така рече дека НАТО нема намера да ги намали силите на КФОР во Косово, со што му одговори на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој претходно рече дека благодарение на формирањето на косовската армија, силите на КФОР може да бидат намалени.

Командантот на КФОР во заминување, генерал мајор Д’Адарио, рече дека КФОР е кредибилна, непристрасна и способна безбедносна сила не само на Косово, додека неговиот наследник, генерал мајор Микеле Риси, рече дека сојузничките сили на НАТО придонесуваат за безбедноста на целото население на територијата на Косово и за одржување на стабилноста во регионот и Европа.

Треба да знаете
Последни објави