Search

Фламинга и пингвини нови жители на скопската зоолошка

Во скопската зоолошка градина започна изградбата на живеалиште за фламинга и пингвини.

Како што информираат од управата, ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет.

Со ова, скопската зоолошка конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди. Во отвореното  живеалиште на пингвините ќе има базени, ќе бидат поставени и вентилатори за ладење, а внатрешниот дел ќе биде целосно климатизиран.

Финансиите за живеалиштето се обезбедени од град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави