Search

Флавио Бријаторе во страстен бакнеж со 49 години помладa девојка

Мултимилионерот Флавио Бријаторе (69) е фатен во страстен бакнеж со новата девојка Бенадет Боси.

Бенадет е студентка по право од Милано која има 20 години, и е една од многуте кои славниот заводник успеа да ги шармира.

Двајцата се фотографирани на луксузен одмор во Кенија, а нивните фотографии ги преплавија светските портали. На фотографијата на која се бакнуваат, Бенадет има пешкир, додека Флавио е едноставно облечен во син шорц и црна маица.

Подоцна Бенадет се прошета во бикини,  а во раката држи маска за нуркање, што е нејзина страст.

Флавио беше во врска со некои од најубавите жени во светот, како што се Хајди Клум, Наоми Кембел, Елизабета Грегори.

Тој се разведе од Елизабета минатата година, по 9 години брак, и со неа го има синот Фалк.

Флавио со Хајди Клум ја има ќерката Лени (15), која ја запозна минатото лето.

Треба да знаете
Последни објави