Search

ФК „Кит Го” подобар од ФК „Каменица Саса” во второлигашкото дерби на истокот

Фудбалерите на „Кит Го” Пехчево со резултат 0:3 беа подобри од домашната екипа на ФК „Каменица Саса” во рамки на денешната програма од Втората фудбалска лига – Исток.
Владимир Дујовски и на двапати Александар Пановски беа стрелци за „Кит Го” на денешниот меч кои на тимот од Пехчево му ја донесоа третата победа во есенскиот дел од првенството. Според информациите од победничкиот табор, ова беше сигурна победа што ја зголемува самодовербата пред понатамошните натпревари во земјава.

-Задоволни сме од прикажаното, бидејки шансите кои ги имавме ги искористивме. На овој натпревар бевме подобар противник. Претходно добро го анализиравме противникот, кој мора да признаеме дека беше тврд орев, но за среќа успеавме да ги победиме во Македонска Каменица, што е прва наша победа на теренот на рударите, истакнаа по натпреварот од таборот на ФК „Кит Го”.

Со оваа победа „Кит-Го” сега има 9 бодови и се наоѓа на петтата позиција, веднаш зад штипска Брегалница, која утре го игра дуелот со второпласираниот тим на Беласица. Каменичани со овој пораз остануваат на 6 место на второлигашката табела, со освоени седум бодови, од исто толку натпревари.

Во следното коло, екипата на „Каменица Саса” во Кочани го игра соседското дерби со тимот на ГФК „Осогово”, додека Пехчевци на домашен терен ја пречекуваат прилепска победа.

Треба да знаете
Последни објави