Search

ФИФА предлага играчите да им бидат на располагање на клубовите до завршувањето на прекинатите првенства

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за решавње на проблемите со регистрацијата на фудбалерите кои што ќе произлезат од пандемијата на „Ковид-19“ препорача договорните обврски на играчите да им завршуваат по доигрувањето на прекинатите првенства, а не до 30 јуни како што беше досега. Ова е препораката на работна група која разгледуваше неколку опции за надминување и на овој проблем кој ќе се јави во екот на летото додека не бидат завршени сезоните.

ФИФА за надминување на овој проблем предлага:

– Договорите кои истекуваат на најчесто на 30 јуни, истите да бидат продолжени до новиот датум на завршување на сезоната во првенствата во кои играчите настапуваат.

– Договорите кои треба да започнат со правна сила на првично закажаниот датум за почеток на новата сезона, најчесто на 1 јули, на сила ќе стапуваат пред почеток на новата сезона во зависност кое првенство кога ќе почне.

– Во случај на преклопување на сезони во две првенства или периоди на регистрација, доколку страните не успеат да се договорат поинаку, предност ќе му се даде на првиот клуб на конкретниот играч, така што тимот може да го задржи фудбалерот се до завршувањето на тековното првенство.

Треба да знаете
Последни објави