Search

ФИФА очекува пандемијата да го чини клупскиот фудбал 14 милијарди долари

Пандемијата КОВИД-19 најверојатно ќе го чини клупскиот фудбал скоро 14 милијарди долари ширум светот оваа година, што е околу една третина од неговата вредност, изјави во средата висок претставник на ФИФА.

Оли Рен, кој е на чело на Комисијата за пандемија и заедно со финансиски советници ја проценија цената на натпреварите на клубовите помеѓу 40 и 45 милијарди долари ширум светот.

Тој објасни дека сумата од 14 милијарди долари – посочена како можна загуба или изгубена добивка, се базира на сегашното сценарио, во кое фудбалот полека се рестартира по тримесечна стагнација на почетокот на годината, но секако дека ќе биде сосема друга игра. ако КОВИД-19 не го блокираше светот.

– Фудбалот беше многу погоден од пандемијата на коронавирус. Тоа создаде сериозни тешкотии на различни нивоа со некои професионални клубови, кои и сега се исправени пред многу сериозни предизвици. Исто така, многу сум загрижен за младинските академии и клубовите од пониските дивизии, рече Оли Рен, поранешен комесар на ЕУ и сега гувернер на Националната банка на Финска

Рен додаде дека фудбалот во Јужна Америка е особено сериозно погоден и има лоши ефекти врз целокупната состојба во Африка и Азија.

– Дека добрата работа направена за изградба на работни структури во Азија и Африка може сериозно да настрада, е вистински проблем. Треба да го ублажиме ударот во овие региони во светот, рече финскиотпретставник.

ФИФА веќе одвои 1,5 милијарди долари на националните федерации за справување со ефектите од пандемијата, а Рен рече дека 150 од сите 211 земја поднеле барање за помош. Но, додека фудбалот полека се буди, не треба да се исклучи уште еден пад.

– Критичната работа ќе произлезе од одговорот на тоа дали ќе се развие и употреби вакцина и дали ќе најдеме медицински и други средства за целосна контрола на пандемијата. Но, сето ова е многу неизвесно, заклучи Оли Рен.

Треба да знаете
Последни објави