Search

ФИФА го прогласи Левандовски за фудбалер на годината

Напаѓачот на Баерн Минхен и на полската репрезентација,Роберт Левандовски е прогласен за фудбалер на годината во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Левандовски во финалниот избор за наградата „The Best“ ги победи Лионел Меси и Мохамед Салах и со тоа му се реваншира на Аргентинецот кој му ја зеде Златната топка.

Исто така на свечената церемонија во Цирих беа прогласени и најдобриот голман, тренер, гол…
За најдобар голман е прогласен Едуард Менди од Челси, додека во женска конкуренција тоа е Кристиане Ендлер од Лион.

Сензационалниот гол на Ерик Ламела во дресот на Тотенхем против Арсенал е прогласен за гол на годината.

Медициснкиот тим да репрезентацијата на Данска која му ги спаси животот на Кристијан Ериксен ја доби наградата за фер-плеј, додека за најдобри навивачи се данските и финските.

Кандидати за тренер на годината беа Томас Тухел од Челси, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола како и италијанскиот селектор Роберто Манчини. Наградата за тренер на година ја доби Тухел кој со Челси триумфира во Лигата на шампионите. Во женска конкуренција, најдобар тренер е Ема Хејс, исто така од Челси.

Најдобриот тим во 2021 година во машка конкуренција е Донарума, Алаба, Бонучи, Диас, Де Брујне, Жоржињо, Канте, Левандовски, Роналдо и Халанд.

Треба да знаете
Последни објави