Search

ФИФА ги соопшти номинациите за најдобрите во 2020 година

Федарцијата на интернационалните фудбалски асоцијации (ФИФА) ги објави номинациите за изборот на најдобрите во 2020 година, меѓу кои е и најпрестижна награда, избор на играч на годината.

Посебен тим на ФИФА беше вклучен составувањето на завршниот список на кој се најдоа кандидатие за секоја категорија, фудбалер, голман, тренер во машка и женска конкуренција.

Гласањето ќе биде јавно на веб-страницата на ФИФА и ќе трае до 9 декември кога вечерта на полноќ ќе се затвори гласањето. Два дена подоцна ФИФА ќе објави кои тројца од секоја категорија кои собрале најмногу гласови, а победниците ќе бидат прогласени на 17 декември.

Во категоријата најдобар фудбалер номинирани се: Тијаго Алкантара, Кристијано Роналдо, Кевин Де Брујн, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос, Мохамед Салах и Виржил ван Дајк.

Меѓу номинираните за најдобар тренер се: Марсело Биелса, Хулен Лопетеги, Ханс-Дитер Флик, Јирген Клоп и Зинедин Зидан.

Во гласањето се вклучени капитените и селекторите на сите земји членки на ФИФА, како и медиумите.

Треба да знаете
Последни објави