Search

ФИТР го поништи тендерот за храна и пијалаци – средствата ги пренамени за Клиниката за детски болести

Фондот за иновации и технолошки развој го поништи годишниот тендер за набавка на пијалаци и прехранбени производи. Од ФИТР соопштија дека овие буџетски средства се пренаменети за Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје. Фондот за иновации и технолошки развој на Детската клиника достави заштитни скафандери, заштитни очила и ракавици наменети за медицинскиот персонал и пациентите.

„Заедно да ја дадеме нашата поддршка на Министерство за здравство во борбата против коронавирусот“, апелира ФИТР.

Треба да знаете
Последни објави