Search

Фитнес-тренерка добила совршено тело, дури кога почнала да јаде двојно повеќе

Личната фитнес-тренерка од Австралија, Лорен Симпсон (29), тежела само 50 кг пред неколку години и некако преживувала со само 1.000 калории на ден. Таа признала дека претерала со својата опсесија со фитнесот.

Поради таквата диета, вели таа, имала ужасна кожа, испукана и слаба коса, а се борела и со насилни промени на расположението.

„Јас бев девојка што се плаши од јаглехидрати. Исто така, правев само кардиовежби затоа што се плашев дека поради теговите, ќе станам масивна и подуена. Дозволив бројката на вагата да ми го води животот“, признава таа во објавата на „Инстаграм“.

https://www.instagram.com/p/CAvqvbMpwpU/

„Најголемата промена, всушност, се случи кога почнав да вежбам со тегови и кога го сменив начинот на размислување за храната. Кревањето на теговите и учењето за тренинзи со отпор ми ја зголеми самодовербата и ми помогна убаво да го обликувам телото“, рече таа.

Од друга страна, на сите што се надеваат дека таквите промени доаѓаат преку ноќ, таа им порачува дека нема брзо решение.

„Нема фотошоп, кратенки, брзи решенија. Нема магични чаеви за слабеење и слично. Резултатот дојде по четири години напорна работа и упорност“, објасни таа.

Лорен е добитничка на многу награди како модел за бикини, а има дури 1,9 милион следбеници на „Инстаграм“, на кои им споделува диети и совети за вежбање.

Треба да знаете
Последни објави