Search

ФИС: Новата скијачка сезона официјално стартува на 23 октомври

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) им даде „зелено светло” на организаторите на велеслаломските трки со кои на 23 и 24 октомври во австриски Золден и официјално ќе почне новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.

На патеката Ретебах денеска беше извршена снежна контрола по што е потврдено дека на 23 овој месец ќе биде одржана велеслаломската трка во женска конкуренција, а ден подоцна и машката трка во велеслалом.

– На една недела пред стартот можеме да потврдиме дека патеката е во добра состојба и до сабота имаме време да ги искористиме идеалните услови за тренинг со другите нации. Одговорните за патеката направија добра работа, изјави директорот на австриската репрезентација во алпско скијање Кристијан Митер.

По Золден ќе уследи тринеделна пауза пред следните трки закажани за 13 и 14 ноември во паралелен слалом во машка и женска конкуренција.

Треба да знаете
Последни објави