Search

Фирма на Кочо Анѓушев доби 160.000 евра од Фондот за иновации

Фирма на Кочо Анѓушев доби 160.000 евра од Фондот за иновации

 

 

 

 

 

 

 

 

 

160.000 евра од Фондот за иновации легнале на сметката на „Каст инвест“, компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. Од неговиот кабинет за Алфа велат дека немало ништо спорно во ова.

– Вицепремиерот на јавноста и го презентираше анкетниот лист и се што поседува – со што покажа транспарентност и отвореност дека нема што да крие, се наведува во одговорот од Кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот не гледа конфликт на интерес, минатата недела дури и ги промовираше грантовите на кои и самиот е корисник преку уделот во „Каст инвест“.

Сопственици на „Каст инвест“ се компанијата „Брако“ на Анѓушев, како и неговиот кум Митко Кржовски и бизнисменот Владо Атанасовски.

Меѓу грантовите што Фондот ги додели минатата недела се и оние на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец кој е косопственик на печатницата „Гинис“ од Прилеп која доби 162 илјади евра. Истата сума ја доби и весникот „Слободен печат“.
За директорот на Фондот за иновации нема ништо проблематично во распределбата на парите. За Алфа вели дека постапката била транспарентна.

На првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст грантови добија 80 компании или една третина од пријавените. Тие добија вкупна сума од 10 и пол милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави