Search

ФинХакатон 2 за изготвување иновативна маркетинг стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда”

Министерството за финанансии и Фондот за иновации и технолошки развој организираат ФинХакатон 2 чија цел е изготвување иновативна маркетинг стратегија за наградна игра „МојДДВ,#МојаНаграда”.

На презентацијата е најавено обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

ФинХакатон 2: „МојДДВ, #МојаНаграда” е наменет за маркетинг  агенции и други домашни компании што може да понудат иновативна маркетинг стратегија.

Со цел поддршка на младите, заинтересираните компании во својот тим ќе треба да вклучат и студенти со запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, технички науки, дизајн, односи со јавност или сродни студии.

Наградната игра почнува следниот месец, а учествуваат сите кои скенираат фискални сметки, а  наградите се парични.

Треба да знаете
Последни објави