Search

Финската премиерка Сана Марин прогласена за „бесстрашна лидерка“ на Фајненшал Тајмс во категорија 25 највлијателни жени за 2022

Од најмлада избрана лидерка во светот на само 34 до водечка прогресивна личност која се бори за правата на жените, финската премиерка Сана Марин е прогласена за „Бесстрашна“ на Фајненшал Тајмс во категорија 25 највлијателни жени за 2022 година.

Од самиот избор за  најмладата лидерка во светот на само 34 години, во политичката експертиза на Марин, како поранешна лидерка на градскиот совет и министерка за транспорт и врски, евидентно е нејзиното одлучувачко владеење.

Годинава, таа ги предводеше повиците за санкции против Русија, се залагаше за влез на Финска во НАТО, вешто преговараше за политиките на коалицијата и продолжи ефикасно да се справува со „Ковид-19“.

Сепак, еден колега политичар ја нарече „продавачка“, а недоверлив модератор од Давос еднаш ја праша како функционира владеењето со женско-центрирана коалиција. (на што Марин му одговори: „Функционира како и секоја влада. Имаме состаноци и донесуваме одлуки. Не се среќаваме во женска соблекувална.“)

Незадоволството поради видеата на кои таа се забавува покажа дека понетолерантни сме кон танцувањето на жените-лидерки отколку кон мажите лидери кои се фалат дека ги фаќаат жените за п…а.

На секоја позиција на која некогаш сум била“, рече Марин, „мојот пол бил почетна точка“.

Да се надеваме дека нејзиното одбивање да се потклекне на двојни стандарди ќе ги реши истите еднаш засекогаш.

 

Треба да знаете
Последни објави