Search

Финикс Санс го отпуштиле Кокошков

Игор Кокошков повеќе не е тренер на кошаркарите на Финикс Санс, објави новинар, повикувајќи се на свои извори. Кокошков, една сезона мина на клупата на тимот од Аризона.

Војнаровски пишува дека во клубот долго размислувале дали да му овозможат уште една година на тренерот, бидејќи тимот во финишот на сезоната играл добро. Новинарот заклучува дека Кокошков е „ценет тренер, одличен тактичар, но дека е жртва на промените во Финикис“.

Челниците на Финикс на местото на Кокошков ќе се обидат да го донесат помошникот во стручниот штаб на Филадлефија Монти Вилијамс, за чии услуги се заинтересирани и ЛА Лејкерс.

Треба да знаете
Последни објави