Search

Финансиските друштва го раздвижија финансискиот систем во земјава

Со својата појава, небанкарските финансиски институции, кај нас познати како финансиски друштва, овозможија полесен пристап на граѓаните до неопходна финансиска поддршка, во форма на краткорочен кредит за решавање на неочекуваните финансиски потреби, или пак за надминување на моменталните финансиски проблеми. Но, исто така, со начинот на работа и воведувањето модерни технолошки решенија во работењето, финансиските друштва направија и раздвижување на целокупниот финансиски систем во земјава и придонесоа за зголемување на конкуренцијата, што секогаш е во интерес на клиентите.  

Ретки се оние граѓани на кои никогаш не им била потребна краткорочна финансиска инјекција, без разлика дали тоа е за поправка во домот, итен здравствен трошок, образовни потреби или пак, едноставно за надминување на одреден период кога настанале одредени неочекувани ситуации кога брзо и ефикасно е потребен пристап до финансиски средства.

Во минатото, решавањето на ваквите потреби, особено кога се работи за кредити на помали износи, беше речиси неизводливо, бидејќи традиционалниот финансиски систем се фокусираше на одобрување класични кредити, на поголеми износи, со подолги рокови на отплата и вообичаено долги процедури за одобрување на истите.

Со појавата на финансиските друштва, чија што компетитивна предност лежи токму во нивната технолошка напредност, пристапот до финансиски средства стана целосно флексибилен и брз во поглед на реализацијата на барањата и во поглед на износите на кредитите, со само неколку кликови на мобилен телефон или пак компјутер. Имено, како дел од „финтек“ индустријата, која се базира на користење нови технологии во работењето и која сигурно претставува иднина на финансискиот систем во светот, финансиските друштва преку користење на современите технолошки решенија, можат да им обезбедат на клиентите едноставен начин за завршување на сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.

Дополнително, со појавата на финансиските друштва, граѓаните на легален начин доаѓаат до неопходните средства, во миговите кога тоа им е најпотребно, заштитувајќи ги притоа од импулсивните одлуки за незаконското обезбедување на неопходните средства.

Дека за ваква дејност имаше неопходна потреба, доказ е растот на бројот на финансиски друштва за онлајн кредитрање, како и на бројот на одобрени кредити и пласирани средства кај населението.

За овозможување уште поголем квалитет во работењето и сигурност на клиентите, финансиските друштва во земјава неодамна формираа Асоцијација на финансиски друштва со цел да работат заедно на воведување стандарди за квалитет на услугите. Ова ќе придонесе и за поголема транспарентност на финансиската индустрија, но и за подигање на свеста во јавноста за потребата и корисноста од небанкарските финансиски институции за општеството во целина.

Повеќе за Асоцијацијата на финансиски друштва на веб страницата  www.afd.mk

Треба да знаете
Последни објави