Search

Финансиска помош од германската Влада за спортот во државата

Речиси 69 милиони од 200 милиони евра итна финансиска помош обезбедени од германската Влада ќе бидат инвестирани во професионален спорт, јави ДПА.

Според официјалните податоци, 339 спортски клубови и организации изразија желба до германското Министерство за внатрешни работи, кое е одговорно за справување со пандемијата да добијат средства од доделениот финансиски пакет.

Од овие барања, 259 се одобрени и ќе делат вкупно 55,3 милиони евра. Шест апликации беа одбиени, додека други 74 се уште се разгледуваат за вклучување во програмата.

Фудбалските клубови се исклучени од планот за финансиска помош, но кошаркарските и ракометните клубови не се и тие ќе можат да добијат помош до 800.000 евра. Засега, Министерството за внатрешни работи нема намера да го објави списокот на одобрени кандидати, бидејќи постапката не е завршена.

Во јули германскиот Парламент го одобри пакетот помош насочен кон помагање на професионалниот и полупрофесионалниот спорт во земјата во време на пандемија.

Треба да знаете
Последни објави