Search

Финансиската „дупка“ во Барселона изнесува 1,35 милјарда евра

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона за сезоната 2020/21 пријави загуба од 481 милион евра. Буџетот за новата сезона е намален од првичните 791 милиони на 765 милиони. Според последните информации, повеќекратниот европски шампион има вкупен долг од околу 1,35 милијарда евра.

Барселона, исто така, имаше значително помали примања минатата сезона. Главната причина е фактот што публиката не смееше да се врати на трибините во декември, натпреварите се играа на празни стадиони во текот на целата сезона порад пандемијата на коронавирусот.

На 6 октомври, претседателот на клубот, Жоан Лапорта ќе ги претстави резултатите од ревизијата, додека состанокот со акционерите е закажан за 16 и 17 октомври. Со цел што е можно повеќе да се подобри ситуацијата, Барселона ги намали приходите на играчите, а не беа во можност да го продолжат договорот со Лионел Меси. Антоан Гризман, кој се врати во Атлетико Мадрид, исто така го напушти тимот на крајот од преодниот рок.

Треба да знаете
Последни објави