Search

Финалето на ФА Купот може да се одложи најмалку 5 месеци

Финалниот натпревар за ФА Купот би можел да биде презакажан за октомври, пренесува „Мирор”.

Мечот на „Вембли” е генерално закажан за 23 мај, но поради кризата со коронавирус, тој скоро сигурно нема да се случи тогаш. Натпреварувањето во моментов е прекинато во фаза четвртфинале.

Вчера Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да ги откаже сезоните во сите аматерски првенства под петтото ниво во локалната хиерархија. Исто така беа избришани и сите досегашни резултати во женскиот фудбал, со исклучок на оние во првите две дивизии.

Треба да знаете
Последни објави