Search

Филмски сувенири на Сталоне одат на аукција

Сувенири од култните филмови на Силвестер Сталоне ќе се продаваат на аукција заедно со неговите боксерски ракавици од „Роки 3“, кои се очекуваат да достигнат цена од 20.000 долари.

Предметите ќе се продаваат во Julien’s Auctions од 5 декември.

Во четвртокот аукциската куќа со седиште во Калифорнија соопшти дека над 500 предмети од личната колекција на 75-годишната филмска sвезда ќе поминат под чеканот. Предметите што ќе се продаваат на аукцијата со наслов „Животот и кариерата на Силвестер Сталоне“ вклучуваат реквизити од филмови, костими, оригинални сценарија и други сувенири.

 

Според соопштението за медиуми, на аукцијата ќе бидат прикажани предмети од некои од најпознатите филмови на Сталоне, вклучувајќи ги и серијалите Rocky и Rambо, како и Cliffhanger, Demolition Man, The Specialist, Judge Dredd, Assassins, Escape Plan, Cop Land и The Expendables.

Треба да знаете
Последни објави