Search

Филмот „Боемска рапсодија“ може да добие продолжение

Филмот за легендарниот пејач на „Квин“, Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“ наскоро би можел да добие продолжение. Режисерот Руди Долезал, кој му бил пријател на Меркјури, открил за порталот „Пејџ сикс“ дека режисерот на филмот како и членовите на бендот кои се сè уште активни, Брајан Меј и Роџер Тејлор, планираат второ продолжение.

Според него и Џим Бич, менаџерот на „Квин“, сериозно се подготвува за продолжение.

Гитаристот на групата, Брајан Меј, претходно рече дека уште некоја приказна од долгата кариера на бендот би можела да биде екранизирана.

Филмот „Боемска рапсодија“ заработи повеќе од 870 милиони долари ширум светот. Во февруари освои четири Оскари и поттикна повторно заживување на популарноста на бендот во целина.

Треба да знаете
Последни објави