Search

„Филип Морис“ ќе мора да плати 39,7 милиони долари поради избегнување на данок

Тајландскиот суд денес му нареди на производителот на цигари „Филип Морис“ да плати 39,7 милиони долари поради избегнување да плати данок, со намалување на вредноста на цигарите увезени од Филипините.
Судот поради недостиг на докази ослободи седуммина вработени во компанијата. Обвинителството го обвини „Филип Морис“ за избегнување плаќање данок од над 660 милиони долари од 2003 до 2006 година. Случајот доведе до меѓународен спор.
Светската трговска организација заклучи дека Тајланд користи увозни давачки неоправдано за да ги привилегира домашните, државни производители на цигари.

Треба да знаете
Последни објави