Search

Филип Лазаров позитивен на Ковид-19

Филип Лазаров е позитивен на коронавирус,  пишува германски „РП Онлајн“.

Членот на германски Ратинген е прв случај во клубот кој е заразен со ковид-19. Но, клубот се уште чека на нов резултат на своја адреса, затоа што се сомнева дека е грешка. Тој не е на подготовки со екипата, а сите членови на тимот се тестирани и се негативни.

Бекот многу веројатно го закачил новиот вирус додека бил во авион затоа што пред да замине за Германија, се тестирал за ковид во Скопје и тестот бил негативен. По пристигнувањето во Германија, се утврдило дека во авионот патувал патник позитивен на ковид-19. Лазаров се обидел да се тестира на аеродромот, но не му било дозволено. По неколку дена се јавил кај матичниот доктор и побарал тест, а истиот на крајот бил позитивен.

Нашиот ракометар нема никакви симптоми поради ковид-19, а неговите сопруга и син се негативни.

Треба да знаете
Последни објави