Search

Дума: Бројот на аутистични деца расте и покрај тоа што се невакцинирани со МРП

Живее по свои убедувања. Приватно е многу поразличен отколку професионално. Сака сам да си направи компјутер, скапо но убаво хоби. Компјутери, шетање, дружење, и седеннки со пријатилите се негово секојдневие. Желба му се егзотичните патувања, но ќе ги остави за пензионерските денови. Професионално за годинава си посакува нови терапии за најмалите пациенти со невролошки заболувања за кои се грижи. Сака и нови луѓе да влезат во неговиот тим и да остави тим кој достојно ќе го заменува и ќе биде горд на него. Ова е приказната за доктор Филип Дума, невролог на Детската клиника во Скопје која ја раскажува за 24 инфо.

Ставот дека МРП вакцината предизвикува аутизам е без докази. Инциденцата на aутизмот се зголемува, не само во Македонија и покрај тоа што има многу невакцинирани деца со неа. За жал ова е статистика и на светско ниво. Веројатно причините се комплексни. Една од нив е растурање на класично семејство, родители деца, баба и дедо. Токму бабите и дедовците беа задолжени за социјалниот и емоционалниот живот на децата.

Тие беа стимулатори во нивниот развој. Сега градинката е стимулатор, но не одат сите деца во градинка. Родителите се зафатени, дел од нив работат по цел ден, таква е приватната работа. И по враќањето дома се или на интернет или се преморени и спијат.Така да децата не ја добиваат стимулацијата во текот на денот. По опасно е мајките и татковците кога се на компјутер или таблет отколку децата. Тие барем можат нешто да научат. Но за жал не ги учат тие работи кои треба да ги научат. Развојот на детето е празна книга која треба правилно да се напише и наполни. Ако нема доволно стимулација тоа е еден од најбитните фактори кои можат да придонесат за аутизам, но не е причина за предизвикување на истиот. Мерките кои се превземени од Владата и Министерство ги оправдувам бидејќи невакцинирано дете не го загрозува само својот живот туку и на неговото семејство и на цела околина. Имунитетот стекнат со вакцинација е индивидуален колективен  -имунитет на стадо. Ако влезе волк во стадо како, a влезната врата e  невакцинирано дете, последиците ќе бидат многу лоши за сите и за вакцинираните и за невакцинираните деца.

Но проблемот е уште поголем за старите лица во чие време немало вакцина за морбили. Тие многу потешко ќе ја поминат болеста ако заболат. Вакцината е воведена некаде околу 1980 година. Значи сите генерации пред тоа можат да се разболат ако ја немаат прележано. За среќа не е каратинска болет. Но посебно ризични се трудници, деца во првите месеци од животот, старите луѓе.  Освен воспаление на мозок се јавуваат и тешки пневмонии, компликации со ресираторен систем така да вакцината е единствен начин на заштита.

Антивакциналните кампањи ги вратија искоренетите болести во земјава. Дали со оглед на тоа дека имате деца и внуци сте за или против вакцинација?

– Имав случај кога еден родител чие дете има аутизам упорно тврдеше дека МРП предизвикува аутизам и ме убедуваше во тоа. Но после утврдиме дека неговото дете не е вакцинирано, а има аутизам. За вакцините нема замена. Toa е ставот на совемената медицина. За жал долго живееме во мирно време без епидемии и луѓето не знаат кои се последиците од истата. Морбилите се тешка болест чии последици меѓу другите се и тежок енцефалитис или воспаление на мозокот кој најчесто фатално завршува. Се јавува после прележани морбили. Станува збор за автоимуно заболување кое секогаш завршува смртно. Порано имавме од 1 до 3 деца годишно од Македонија плус деца од Јужна Србија и Косово. Откако е вакцината во употреба се јавува 100 до 1000 пати помалку. Долго немавме таков случај. Но откако почнаа антивакциналните кампањи очекуваме да се зголеми бројката. Пертусисот е смртоносен за сите кои не се вакцинирани. За да се заштитат малите деца кои не се вакцинирани им треба здрава средина. Пред се мајката и околината. Значи ако околината е вакцинирана тие нема да добијат пертусис. Пред 20 години имавме бебе од два месеци болно од пертусис. Потоа почина на Инфективна клиника. Уште еднаш ќе потенцирам дека за вакцината нема замена.

Дали невролошки болести се во подем последниве години?

Невролошките болести го одржуваат нивото. Нема зголемување во светски рамки. Благодарејќи на Фондот за здравство и Министерството за здравство генетските дијагнози кај нас се многу подобри и сега може за малку пари да направиме целосен геном. Со стотина евра во МАНУ се прави цело испитување. За жал не се на располагање сите лекови кои треба да ги има. Но и лекови кои ги имаше претходно сега ги нема. На фирмите не им се исплати увозот зошто се многу ефтини и нема многу  пациенти, а регистрацијата на еден лек е околу 5.000 евра. Исто така лекови кои имаат форми за деца не се регистрираат, туку само како таблети. И тоа е проблем. Лек за Вестовиот синдром кој е стандард, кај нас воопшто го нема. Но тоа е наша работа постојано да бараме нови лекови. Во неврологија нема подобар и полош ле,к има помалку или повеќе токсичен. Има нови лекови кои воопшто и не се дојдени кај нас. За некои болести има и генетска терапија веќе. Се обидуваме да ја внесеме кај нас со помош на Фондот и Министерството зошто е многу скапа. Со неа пацинетите можат и нормално да живеат. Таа борба вреди да се спроведе.Во Македонија сеуште не се развиени центрите за подобрување на квалитетот на живеење на лицата со посебни потреби, како и институции кои се занимаваат со палијативна нега на хроничните пациенти во домашни и во болнички услови. Не се голема медицина меѓутоа имаат големо влијание на квалитетот на животот на пациентие и нивните семејства.

-Има ли случај кој го паметите?

Ние докторите тоа што сме го решиле не паметиме. Луѓето на кои сум им помогнал ме препознаваат. Но затоа лошите случаи се помнат. Секогаш кога ќе се изгуби некој млад живот се прашуваме дали сме можеле поинаку да го решиме. Секогаш има некој слушај каде не сме успеале или медицината била немоќна во тој момент. Но се случува и болеста брзо да се развива. Секогаш сме се прашувале дали е божја волја или сме можеле поинаку и секогаш тежи по малку. Секое дете што ќе отиде на другата страна ми создава товар и мисла дали можело поинаку.

-Има ли случај на излечена епилепсија?

Една четвртина од епилепсиите се резистентни на терапија и не се лечат. Ако не е возможно комплетно излекување се бориме за квалитет на живот. Освен таблети истите оперативно се лекуваат со невролошки третман. Со помош на Реплек направивме студија за лечење со канабис на епилепсијата и тука имавме изненадувачки добри резултати. Ова беа деца со посебни потреби каде имаше подобрување на квалитетот на животот. Кај едно дете имаше комплетно отсуство на нападите. Би сакале да ја спроведеме и кетогената диета но засега нема услови. Влегуваме полека во нови дијагностики. Ни се растураат деца во приватни клиники но  коректно соработуваме со сите.

Има ли наследник др- Дума во неговата професија?

Незнам ќе покаже времето. Млади специјалисти и специјализанти има, има интере сод младите кадри за оваа тешка област од медицината, но за наследник во професијат аќе видиме. Двајца специјализанти има во моментов и ако останат тука ќе биде во ред. Доктори има, фалат сестри на моето одделение. Во моментов има четворицалекари. За објективно работење требанајмалку шест лекари, 5 EEG техничари i min 12 добро обучени сестри во сите сестрински профили.

Валеннтина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави