Search

Филип Деркоски најбрз на Мавровскиот пливачки маратон

Со прогласувањето на најуспешните на првиот пливачки маратон на Мавровското Езеро кој годинава е дел од одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Леуново.

Натпреварот кој е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање и е шеста трка оваа година.

Најбрз на кружната патеката поставена во близина на хотелот „Радика” со должина од три километри беше Филип Деркоски со време од 32 минути и 24 секунди. Втор на целата мина Јасин Рамадани, а трет Толга Демиџан.

Во помладата категорија на пливачи од 12 до 14 години, најбрз беше Марко Ѓузиќ, а во фистински фото финиш влегоа Андреј Крстевски и Михаил Велков. Во женска конкуренција имаше две натпреварувачки од кои една се откажа, а низ целата помина Лина Јорадановска.

Натпреварувачите ќе добијат бодови според правилата ма Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води. Следната трка за оваа сезона ќе биде на Велешкото езеро.

Според најавите, догодина се очекува Мавровското Езеро да биде повторно дел од Македонскиот куп. Организатори на овој натпревар е Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови”, Кајак Клуб „Бабуна”.

Треба да знаете
Последни објави