Search

Филипче: 13 загинати, повредената бремена жена ќе биде пуштена на домашно лекување

Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест  подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот  Скопје-Тетово кај Карпалак, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

Треба да знаете
Последни објави