Search

Филипче: 11 години не е помрднато во здравството додека Мицкоски беше дел од тогашната Влада

Филипче: 11 години не е помрднато во здравството додека Мицкоски беше дел од тогашната Влада

Многу смешни се обвинувањата на Мицкоски. Да креира приказни каде нема место за тоа, е недостаток на политичка идеја што да се прави. Ова на Фејсбук денеска го напиша министерот за здравство, венко Филипче, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– 11 години не е помрднато во здравството додека Владата каде што беше Мицкоски “одговараше” за своите постапки. Не ги критикувајте политиките кои носат добро за државата, наместо да критикувате, добредојдени сте со идеи. Ама тие, изгледа, ги немате. Се занимавате со вашите замислени фронтови коишто, ама баш ништо добро не прават за никого. Следете го процесот за стерилизација, за разлика од вас, ние ништо не криеме, му порача Филипче на Мицкоски преку Фејсбук.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2153887521584936

Треба да знаете
Последни објави