Search

Филипче: Тешко да се каже зошто е таква ситуацијата во Куманово

Од епидемиолошки аспект се практикува само тестирање и самоизолација. Се надевам дека и полицискиот час ќе вроди позитивен резултат – рече Филипче.

Со колегите се обидовме да одговориме на прашањето зошто токму во Куманово е таква состојбата со коронавирусот, но одговор не пронајдовме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот онлајн-брифинг со новинарите.

-Процентуално, по глава на жител, во Куманово се регистрирани повеќе заразени од Ковид-19 отколку во Скопје. Ние се обидовме да пронајдеме одговор на прашањето зошто е тоа така и дали актуелната состојба може да се препише на некаков поинаков начин на комуникација помеѓу граѓаните во Куманово. Но, навистина е тешко да се каже зошто е таква ситуацијата во овој град. Од епидемиолошки аспект се практикува тестирање и самоизолација. Се надевам дека и полицискиот час ќе вроди позитивен резултат,  рече Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави