Search

Филипче: Стигнаа 20 монитори помош од ЕУ,маски, хируршки маски, ракавици во вредност од 3,2 милиони евра

Денеска регистрирани 22 оздравени пациенти, а 33 новозаболени од корона вирусот и еден починат пациент, рече на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Вкупната бројка на заразени пациенти од почетокот на епидемијата па досега изнесува 1572.

-Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе биде следено да се утврди дали ќе биде варијација или ќе стане тренд. Досега имавме неколку вакви случаи, па ќе ќе следи во текот на утрешниот ден и во сабота, па ќе следат дополнителни одлуки, но засега остануваат сите мерки и апелирам граѓаните да ги почитуваат, рече Филипче.

Новата монтажна клиника располага со 72 кревети и засега таа е празна.

-Стигнаа и 20 монитори помош од ЕУ, уште дополнителни 25 илјади маски,хируршки маски, ракавици, заштитни ракавици во вредност од 3,2 милиони евра, а стигна и потврда дека ќе пристигнат 20 респиратори од Норвешка, што со овие 20  практично имаме значаен број на зголемување на респираторни мажини со кои располагаме во ашата земја, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави