Search

Филипче, со штелување на корона бројки и со бранење на премиерот во заминување Заев влегуваш во жива кал

Што прави Филипче? За девет месеци не успеа, ама баш ништо да направи за здравствениот систем. Не успеа да го прилагоди и организира за корона епидемијата, и од вчера тргна во очигледно штелување на корона бројки.

Што сака Филипче да постигне со полноќно објавување на статистиката?

Што мисли Филипче дека фијаското кое му се случува во здравствениот систем ќе го тргне на страна со полноќни бројките?!

Филипче комплетно го урниса здравствениот систем, ги заборави граѓаните, ги заборави медицинските лица.

Луѓе умираат, а тој до вчера само ги броеше починатите, новозаболените, оздравените, а сега почна многу очигледно и да ги штелува бројките.

Филипче, ништо повеќе не може да ја сокрие твојата неспособност!

Филипче, зарем мислиш дека можеш да се спасиш, да продолжиш да седиш во фотелјата и да се грижиш за твоите интереси и интересите на премиерот во заминување!

Време е за одговорност!

Одговорност мора да има!

Треба да знаете
Последни објави