Search

Филипче: Со жалење ја примив веста дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил изрази жалење за починатата медицинска сестра од болницата во Охрид, која ја загуби битката со Ковид-19.

-Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со Ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид. Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата, напиша министерот.

Тој додава дека медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик.

– Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници, порачува Филипче.

Треба да знаете
Последни објави