Search

Филипче се сретна со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово се сретнал со студентите од шеста година по општа медицина, кои ќе помагаат во битката со Ковид-19.

– Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шеста година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза, напиша министерот на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека нивниот придонес е многу значаен, и им посака успешна работа.

Филипче синоќа изјави дека не недостасуваат доктрои и сестри, има списоци за ротации на медицнски персонал, но посочи дека ќе се вклучат и студенти за да им помагаат на епидемилозите во правење на анкетите.

– На секој на кој му е потребна брза дијагностика може веднаш да дојде во болница, тука има брзи тестови, а исто така и на Институтот за јавно здравје. Секојдневно ги пратиме термините, дополнително дополнуваме таму каде што се потребни, верувам дека со брзите тестови ова значајно ќе се смени, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави