Search

Филипче се сретна со претседателите на Сојузот на дијабетичари и Асоцијацијата на детски дијабетес „БалансМК”

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претседателот на Сојузот на дијабетичари, Бојан Киров и претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес „БалансМК”, Нашата Деспотовска-Димитриевска.

Од Министерството за здравство сооштија дека минатата година се воведени три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови, од кои еден „тресиба” е наменет за децата. Дополнително, набавени се и 10 инсулински пумпи.

До крајот на оваа недела, како што посочуваат, ќе пристигнат сензорни мерачи за континуирано мерење гликемија во крвта, а веднаш по изборниот процес ќе бидат набавени сензорни мерачи за сите деца со тип 1 дијабетес.

Со ова, значително ќе се олесни состојбата на децата. Распределбата на сензорните мерачи ќе се одвива по препорака на докторите ендокринолози од Клиниката за детски болести. Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови е загарантиран квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет. Во моментов, има доволно количини од сите видови инсулин, наведуваат од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави