Search

Филипче од Прилеп: Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, мораме храбро да продолжиме со уште поголем ентузијазам да создадеме поквалитетен, послободен  и побогат живот

„Најголемиот и најсилниот камен темелник на нашата прва парламентарна држава е поставен од жртвите што ги даде слободарскиот Прилеп. Возвишено е чувството, денеска, на 11 октомври, да се биде овде”, се обрати на присутните потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој упати благодарност до потомците на народните херои, загинатите семејства и учесниците во Народноолободителната војна, до сите прилепчани, но и до цел македонски народ и порача дека нашата „мирновременска” борба не е завршена и сè уште не сме го исполните наследениот аманет до крај.„Нѐ чека макотрпна работа. Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, туку мораме  храбро да продолжиме со уште поголем ентузијазам за да создадеме поквалитетен, послободен и побогат живот за идните генерации, да бидеме целосно интегрирани со Европа каде и цивилизациски и културно и географски припаѓаме. Не е точно дека ние само нешто бараме од Европа, ние имаме многу што да им понудиме на нашите сојузници”, истакна Филипче, напоменувајќи дека градењето на државноста треба да се продолжи преку изградба на повисок животен стандард, хуман простор за живеење, со чиста човечка околина, со современи училишта, модерна инфраструктура, профитабилни компании и технолошки напредно земјоделство.
Потпретседателот на СДСМ посочи дека наша должност е на веќе изградените темели на државата да го оствариме сонот на претходниците, стоејќи на праведната страна на историјата, оставајќи ги настрана лажниот патриотизам, блокадите и омразата.
Треба да знаете
Последни објави