Search

Филипче: Eден починат и нови 76 позитивни на Ковид 19

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека од 885 направени тестирања има 76 позитивни пациенти на Ковид 19, еден починат пациент, а 25 оздравеле.

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 52
– Куманово 2
– Штип 1
– Тетово 14
– Велес 2
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

– Скопје 12
– Куманово 2
– Тетово 11
– Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:
•        Скопје 928, активни 338
•        Куманово 469, активни 55
•        Дебар 51, активни 0
•        Штип 104, активни 69
•        Прилеп 212, активни 30
•        Тетово 231, активни 86
•        Струга 84, активни 12
•        Велес 132, активни 29
•        Битола 28, активни 3
•        Охрид 23, активни 6
•        Кавадарци 5, активни 0
•        Гостивар 29, активни 8
•        Гевгелија 4, активни 0
•        Струмица 4, активни 2
•        Крива Паланка 6, активни 0
•        Радовиш 4, активни 0
•        Крушево 3, активни 0
•        Кочани 38, активни 7
•        Пробиштип 3, активни 1
•        Демир Хисар 1, активни 0
•        Македонски Брод 2, активни 0
•        Пехчево 3, активни 0
•        Берово 1, активни 0
•        Валандово 2, активни 1
•        Виница 3, активни 1
•        Делчево 1, активни 0
•        Кратово 3, активни 1
•        Свети Николе 2, активни 2
•        Кичево 3, активни 1
•        Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Се извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија.

Треба да знаете
Последни објави