Search

Филипче: Новиот клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров

Новиот клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Освен Ѓорче Петров, во игра беа и локации во Карпош и Петровец. Одлуката била донесена на денешната владина седница.

„Се бодуваа трите локации – во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец. Тим од експерти разработи методологија и според тоа се донесе заклучок дека Ѓорче Петров е идеална локација, прво поради положбата, понатаму дека најбргу можеа да се изготват проектните документи и поради тоа дека најмалку чини, односно целото земјиште е државно“, рече Филипче.

Можноста дека новиот клинички ќе се гради во Ѓорче Петров беше најавена пред два месеца. Премиерот Зоран Заев тогаш рече дека најпогодна локација за проектот што вреди 450 милиони е Веле Поле. Анализата за локацијата во Петровец, пак, покажала слабост во поглед на структуираноста на проектирањето и изведбата на проектот, во однос на подземниот дел, поради мочурливото земјиште и подземните што ќе повлечат поголеми издатоци за самата изведба.

Треба да знаете
Последни објави