Search

Филипче: Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не е во состојба да овозможи нега секому кому му е тоа потребно

Бројката на заболени и хоспитализирани поради Ковид-19 расте. Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не е во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Почитувањето на мерките, носењето маска и држењето дистанца остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи, истакнува Филипче, по  објавата на најновата статистика според која во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на Ковид-19 во државава.

Во одделна објава на ФБ  министерот за здравство упати сочувство до семејството на доктор Трајче Нешковски, специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија, кој денеска загина во сообраќајна несреќа. – Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја!, наведе Филипче.

Треба да знаете
Последни објави