Search

Филипче не препорачува да се патува надвор земјава

Со оглед на тоа дека Грција, Црна Гора не ги отвораат границите за граѓаните од Македонија, во Бугарија со ПЦР тест, а Албанија не бара ништо, сепак, министерот за здравство Венко Филипче не препорачува  граѓаните да патуваат надвор од земјава во време кога многу работи со коронавирусот не се јасни и не се знае каква мерка може да биде донесено од било која држава.

При гостувањето во телевизиската емисија  „Само вистина“, министерот за здравство Филипче потенцираше граѓаните да не одат на одмор во некоја од соседните земји, па ни подалеку, затоа што не ја знаеме ситуацијата таму.

– Не се грижам за границите воопшто, дали некој ќе ги отвори за нас или не. Летото ќе помине, знам дека сакаат луѓето да патуваат, но не им препорачувам да го прават тоа – вели Филипче

Треба да знаете
Последни објави