Search

Филипче: На Инфективна клиника има 54 пациенти од кои четворица се во критична состојба

Имаме две починати лица од Ковид-19 вирусот.

Вчера во текот на денот доцна вечерта после полноќ маж на возраст од 45 години кој се лекувал на инфективното одделение во Куманово, па во болницата „8-ми септември“ каде е инцијално третиран. Имал влошување на состојбата и доцна вечерта е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде ниту реанимацијата не уапсеала.Имал контакт со член на семејството кој бил во странство. И другиот пациент е од Клиниката за инфективни болести, каде се лекувал од 27.  март има 78 години исто така претходни болести за кои примал терапија, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„На клиниката за Инфективни болести се лекуваат 54 пациенти, 4-ца се критични, а 20 имаат потреба само од кислородна маска, останатите се со лесна клиничка слика без потреба од поддршка за дишењето.

Во изминатите 24 часа потврдени 44 нови случаи, направени се вкупно 392 тестирања.

Вкупниот број на потврдени случаи во нашата земја изнесува 329.

Вкупниот број на тестови направени во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 3518 тестови и ги соопштуваме резултатите од апсолутно сите.

 

Треба да знаете
Последни објави