Search

Филипче најави парична награда за сите здраствени работници кои работат со ковид-пациенти

Mинистерот Венко Филипче најави парична награда за сите кои работат со пациенти со коронавирус.

-Со ребалансот на буџетот, добивме 100 милиони денари, уште толку дополнителна сума од Светска банка. Таа сума ќе им биде поделена на сите кои работат со пациенти со ковид. Од лекари, болничари, транспортери, како награда во ова борба – рече Филипче на ТВ 21.

Во гостувањето на Клик Плус, Филипче посочи дека луѓето без потреба купуваат лекови и формираат домашни аптеки.

-Таму каде приметивме дека имаме поголемо препишување антибиотици, веќе правиме анализа и испитување кој лекар на кој пациент препишал антибиотик. Можеме тоа да го следиме електронски, со тоа што потоа ќе донесеме заклучоци, да дадеме некои укажувања – најави Филипче.

Во однос на податокот дека Македонија е на 8 позиција по смртни случаи во светот на 1 милион жители, тој рече бројот на смртни се зголемил секаде.

-Имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот. Се земаат брисеви и пост мортем. Зошто? Затоа што сакаме да ги заштитиме најблиските. Ние можеме фиктивно да го намалиме, ќе престанеме да тестираме пост мортем. Нема да биде вистински и чесен пристап, не само кон пациентите, туку и кон семејствата. Се пријавуваат сите кои имаат сарс-ков вирус, според препораките на СЗО. Без разлика дали имаат такви тешки коморбидитети кои може да бидат вистинската причина на смртта – објасни министерот.

Треба да знаете
Последни објави